Инзаги по дербито: Момците беа фантастични, но бевме ограбени за пенал

Симоне Инзаги не го криеше задоволството од карактерот што фудбалерите на Интер го покажаа на дербито со Милан, на кое „нероаѕурите“ избегнаа пораз со голот што го постигна Де Фрај во судиското продолжение.

Стратегот на италијанскиот првак потенцираше и дека не е задоволен од судењето, бидејќи неговиот тим морал да добие пенал за стартот на Павловиќ врз Маркус Турамм во второто полувреме.

„Момците беа навистина фантастични, толку многу работи беа против нас, три гола поништени, три удари во гредата и ограбени за чист пенал врз Турам… не се откажаа и заслужено постигнаа гол за израмнување. Не е мала работа по толку многу ситуации во кои се беше против нас, да се покаже карактер и да се даде онаков гол. Знаевме дека Милан е опасен од контранапади, намерно ни ја оставија топката да играме, но моравме да внимаваме на нивната брзина. Не престанавме да се бориме, мислам дека заслуживме и повеќе од еден бод со играта што ја прикажавме“, истакна Инзаги.

Се вчитува...