Рома даде гол во судиското продолжение, Наполи остана на „плус 3“ од Интер

Рома и Наполи ремизираа 1-1 во последниот меч од денешната програма од 23. коло од Серија А, интересен дуел што беше решен во самата завршница.

„Наполитанците“ беа блиску до триумф откако во првото полувреме поведоа со голот наСпинацола, поранешниот лев бек на Рома кој мајсторски го лобуваше Свилар, а потоа од почит кон екс-клубот не го прославуваше погодокот.

Рома очекувано се отвори и тргна во офанзива, а по неколкуте шанси домаќините конечно израмнија во 92. минута, преку својот лев бек Анхелињо.

Наполи со ова реми остана на три бода предност, но и натпревар повеќе во однос на Интер, додека Рома е на катастрофалната деветта позиција на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...