50 милионското засилување на Челси заминува на позајмица во градски ривал

Челси оваа зима ќе остане покус за едно име на позицијата лев бек откако од клубот ќе замине 50-милионското засилување од 2020 година, Бен Чилвел кој ќе премине во Кристал Палас на позајмица.

Договорот за фудбалерот кој одигра 107 натпревари за клубот од „Стемфорд Бриџ“ да премине во градскиот ривал е веќе постигнат и останува само да бидат поминати медицинските прегледи.

Сега 28-годишниот Чилвел своевремено важеше за еден од најдобарите фудбалери на својата позиција, но пречестите повреди го спречија да го покаже својот потенцијал. Оваа сезона целосно отпадна од комбинација под водство на Енцо Мареска, одигрувајќи само еден натпревар и тоа во најнезначајното натпреварување, Лига Купот.

Се вчитува...