Аморим оптимист по новиот пораз: Бевме подобри од претходните натпревари

Манчестер Јунајтед претрпе нов пораз во Премиерлигата губејќи од Кристал Палас на „Олд Трафорд“ со 0-2, пораз со кој славниот англиски клуб падна на 13. позиција на табелата.

Тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Амотим беше оптимист и покрај поразот велејќи дека неговите фудбалери прикажале добра игра.

„Резултатот е навистина лош, но перформансите беа малку подобри од претходните натпревари. Малку подобро ги контролиравме транзициите на Кристал Палас, но примивме два гола кои можеа да се спречат. Многу лошо на тимот се одрази и повредата на Лисандро Мартинез. Неговата состојба ќе ја видиме во наредните денови, но ситуацијата изгледа сериозна. Тој не е само одличен играч, туку и силен карактер во соблекувалната.

Навивачите? Нормално е да имаат негативни чувства во оваа тешка сезона, но фудбалот е игра каде се може да се промени во одреден момент. Почнувам да се подготвувам за следниот натпревар и мораме да продолжиме напред, ќе дојдат и убавите моменти“, изјави Аморим.

Се вчитува...