Милан добива големо засилување на последниот ден од преодниот рок

По само половина сезона помината на „Стемфорд Бриџ“, Жоао Феликс добива нова средина. Португалскиот репрезентативец се наоѓа пред преселба во Милан.

„Росонерите“ официјално останаа без Алваро Мората кој го засили Галатасарај па во 25-годишникот гледаат како идеална замена. Трансферот би бил позајмица до крајот на сезоната со обврска за откуп на неговиот договор.

Феликс во втората „епизода“ во Челси доби скромна минутажа и покрај тоа што за неговите услуги издвои 52 милиони евра. Настапи на 20 натпревари во сите конкуренции забележувајќи седум голови и две асистенции.

Се вчитува...