Серхио Рамос има нов клуб, за прв пат ќе игра надвор од Европа

Серхио Рамос на 38-годишна возраст добива нов клуб со кој за прв пат во кариерата ќе игра надвор од Европа. Станува збор за мексиканскиот клуб Рајадос со кој потпишал преддоговор.

Сега останува да отпатува во Мексико каде ќе ги помина медицинските прегледи и официјално ќе стави потпис на договорот со кој се очекува да заработи четири милиони евра.

Рамос последниот настап го имаше за Севилја, а претходно настапуваше и за ПСЖ и Реал Мадрид, каде воедно се наметна како еден од најдобрите стопери во историјата освојувајќи бројни трофеи.

Се вчитува...