Тренерот Грем Потер на Вест Хем Јунајтед во продолжението од сезоната ќе може да смета на услугите на Џејмс Ворд-Праус, фудбалерот од средината на теренот за кој немаше место под водство на Лопетеги па беше испратен на позајмица во Нотингем Форест.
На инсиситрање на англискиот стретег позајмицата на 30-годишникот беше прекината и тој одново ќе го носи дресот на лондонскиот клуб чиј дел е од 2023 година забележувајќи седум голови и 11 асистенции во првата сезона во клубот.
Претходно тој со успех настапуваше за Саутемптон од 2011 до 2023 година.
West Ham United can confirm James Ward-Prowse has returned to the Club ⚒️
— West Ham United (@WestHam) February 3, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

