Грк го засили Брајтон во рекорден трансфер

Младиот грчки фудбалер Стефанос Цимас доби нов клуб. Тој официјално реализираше трансфер во премиерлигашот Брајтон и тоа за неверојатни 26 милиони евра, сума која претставува нов рекорд кога станува збор за трансферите од грчкото првенство.

Деветнаесетгодишникот беше на позајмица во второлигашот Нирнбург од летото, а германскиот клуб ја искористи опцијата да го откупи неговиот договор оваа зима пред да го продаде во Брајтон. А, и покрај тоа што се сели во Англија од Нирнбург најголем дел од сумата на транферот (околку 23 милиони евра) ќе заврши во Паок со оглед на ставките во договорот.

Со тоа е постигнат и нов рекорд надминувајќи го оној на Панајотис Рецос кој реализираше трансфер од Олимпијакос во Баер Леверкузен за 17.5 милиони евра.

Цимас има нов клуб, но останува во Нирнбург до крајот на сезоната како позајмен фудбалер.

Се вчитува...