Манчестер Јунајтед е во потрага по нов напаѓач. Преговорите со Матијас Тел пропаднаа па славниот англиски клуб се сврте кон српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.
„Црвените ѓаволи“ се распрашале за достапноста на голгетерот и се очекува да се водат интензивни преговори до крајот на денот кога завршува преиодниот рок.
Јувентус е расположен за продажба на фудбалерот кој постигна 13 голови на 28 натпревари оваа сезона со оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот на сезоната 2025/26, а засега нема никаква иницијатива од Србинот да продолжување на соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

