Гасперини е против ВАР: Фудбалот е полош поради видео-технологијата, никој не ги знае правилата…

Џампјеро Гасперини и оваа година бележи добри резултати како предводник на Аталанта, но искусниот стручњак не ги крие чувствата за промените во фудбалот што ги донесе ВАР-технологијата.

Првичната цел беше со ВАР да се зголеми регуларноста на фудбалските натпревари, но според Гасперини не само што тоа не е постигнато, туку ситуацијата е влошена.

„Апсолутно се мачам да го разберам ВАР како нешто позитивно. Точно е дека го промени фудбалот, но дефинитивно не на подобро. Не помогна да одиме во вистински правец, туку напротив, сега дури и тие луѓе што со децении се во фудбалот почнуваат да се сомневаат во себе, дали воопшто ги знаат правилата по одлуките што судиите ги носат. Апсолутно не ми се допаѓа, создаде преголема конфузија, а контроверзни ситуации има три пати повеќе бидејќи правилата не се применуваат еднакво, за иста ситуација тројца различни судии ќе донесат три различни одлуки, и тоа по гледање на снимка“, изјави Гасперини.

Се вчитува...