Екипата на Аталанта останува да се бори само за трофејот во Серија „А“ во италијанскиот шампионат, откако вечерва на свој терен беше елиминирана од Купот на Италија од Болоња.
Гостите славеа со минимални 1-0 со голот на Кастро во 80. минута. По една нафрлена топка на Ликојанис, Кастро ја искористи грешката на голманот Патрисио кој остана на гол линијата, и така со глава донесе водство и на крајот победа на својот тим.
Вреди да се напомене дека Аталанта на овој меч во нападот играше без Лукман и без Скамака, а Ретеги беше заменет во 59. минута од средбата.
Болоња првпат е во полуфиналето на Купот од 1999 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

