Динамо и натаму држи лекции за трансфери: Му продаде играч на Интер за 14 милиони евра

Петар Сучиќ, играчот на Динамо Загреб наскоро ќе стане нов член на италијански Интер . Таа приказна заврши, младиот фудбалер на Динамо во следните неколку дена ќе замине во Милано да потпише договор кој ќе важи од лето. Динамо на тој начин ќе заработи 14 милиони евра за својот играч, ќе добие уште 2,5 милиони евра преку дополнителни бонуси и ќе има 10% од следната продажба на играчот.

Интер првично понудил 12+2 милиони, но по долги преговори хрватскиот клуб доби нешто повеќе. Тие 2,5 милиони евра, Динамо може да ги добие по настапите за Интер, односно 500 илјади евра за првите 20 официјални настапи. Динамо би добил дополнителни 500 илјади доколку Интер стане првак, или доколку тимот стигне до 1/4 финале во Лигата на шампионите. Згора на тоа има клаузула од 10% при евентуален следен трансфер.
Хрватскиот тим летото одби 9 милиони евра од Комо, и за само неколку месеци доби значително подобра понуда. 21-годишниот репрезентативец на Хрватска игра на позицијата последен играч за врска, и е еден од најдобрите на таа позиција во Хрватска.

Се вчитува...