Дефанзивец на Манчестер Јунајтед се пресели во ПСВ

ПСВ Ајндховен го ангажираше холандскиот дефанзивец Тајрел Маласија на позајмица од Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, објавија двата клуба.

Левиот бек им се приклучи на „црвените ѓаволи“ од Феенорд во 2022 година во договор вреден околу 13 милиони фунти плус уште 1,7 милиони фунти во бонуси. 25-годишниот играч одигра 22 настапи во Премиер лигата во својата прва сезона, но ја пропушти целата сезона 2023/24 поради повреда на коленото.

„Среќен сум што сум тука. Конечно, ќе играм добар фудал. Минав долго време надвор од терените после повредата. Но, веќе сум во форма и моето време ќе дојде повторно. Во секој тежок период има и позитивни случаи, а тоа е што станав посилен физичк и психолошки. Имам повеќе трпение, позрел сум, го познавам подобро моето тело“, рече Маласија.

Се вчитува...