Конте во последен миг стопирал два трансфери од Наполи

Тренерот на Наполи, Антонио Конте стопираше два трансфери од клубот во јануари. Се очекуваше „наполитанците“ да се разделат со Џакомо Распадори и Рафа Марин, но на крајот и двајцата останаа кај Диего Марадона, причината е што клубот не успеа навреме да ги потпише нивните замени, само во последен момент го донесе Ноа Окафор од Милан на позајмица.

Распадори сакал да игра повеќе, но тренерот јасно стави до знаење дека нема да го пушти и покрај сето тоа. За него имаше интерес и од Баерн Минхен и од Јувентус.

Во исто време Рафа Марин требаше да замине во Виљареал, но претходно се надеваше дека ќе го обезбеди Пјетро Комуцо од Фиорентина. Тоа не се случи, и Шпанецот остана да биде дел од тимот од Неапол.

Се вчитува...