Салах и Ван Дајк ги продолжуваат договорите со Ливерпул

Kлучните играчи на Ливерпул, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк ќе потпишат нови договори со клубот, тврдат категорично дел од англиските медиуми.

Влијателниот „Дејли мејл“, пренесува дека е добро познато дека се активирани разговори на клубот со агентите на двајцата фудбалери, иако официјално никој не сака да ја потврди информацијата.

Но, според добро упатени извори, и двајцата се подготвени за останување на „Енфилд“, посебно ако Ливерпул успее да ја освои шампионската титула сезонава.

Од друга страна, пак, Ливерпул се уште преговара со Трент Александер-Арнолд, но за него и натаму е неизвесно дали ќе се одлучи на нов договор со клубот.

Се вчитува...