Бизарно: Новата ѕвезда во Саудиска Арабија секој ден ќе патува по 500 километри за тренинг

Колумбискиот фудбалер Џон Дуран блесна во редовите на Астон Вила каде се наметна како еден од најдобрите во Премиерлигата. Но, и покрај тоа што за него постоеше сериозен интерес и од најголемите европски гиганти се одлучи за трансфер во Саудиска Арабија каде ќе има голема заработка.

Но, и покрај тоа што премина во редовите на Ал Наср, клубот од Ријад тој нема да живее во Саудиска Арабија, туку во Бахраин со неговата девојка бидејќи законите во оваа држава не дозволуваат невенчаните парови да живеат заедно.

Тоа значи дека секој ден ќе треба да патува 500 километри за тренинг со авионски лет кој трае час и половина.

Се вчитува...