Деби гол за Жоао Феликс, Милан ја совлада Рома во Копа Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан се пласираа во полуфиналето на најмасовното натпреварување на „чизмата“ откако славеа на домашен терен против Рома со 3-1 во четвртфиналето на Копа Италија.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со голот на Тами Абрахам во 16. минута. На 2-0 зголеми истиот играч во 42. минута. Гостите намалија на 2-1 преку Довбик во 54. минута, додека конечните 3-1 ги постави најновата аквизиција на „росонерите“, Жоао Феликс кој го запиша својот прв погодок за тимот од „Сан сиро“.

AC Milan [3] – 1 AS Roma – Joao Felix 72'
byu/dotuan211 insoccer

Се вчитува...