Нов кошмар за Арсенал: Се повреди уште еден напаѓач

Главоболките на Микел Артета уште повеќе се зголемија, Арсенал не успеа да се пласира во финалето на лига-купот откако загуби и на реваншот со Њукасл, а згора на тоа „топчиите“ останаа без уште една важна опција во нападот.

Сака е повреден веќе извесно време, додека Габриел Жезус ќе биде во аут до крајот на сезонава, а сега на листата на повредени офанзивни играчи на „топчиите“ се најде и Габриел Мартинели. Бразилецот го повреди мускулот и мораше да биде заменет уште во првото полувреме, деталните прегледи ќе покажат колку ќе изнесува неговата пауза, но се најавува дека тој ќе паузира најмалку до крајот на месец февруари.

Арсенал ги загуби шансите за освојување на трофеј откако беше елиминиран во полуфиналето од лига-купот, „топчиите“ експресно загубија и во ФА Купот, па сега им останува борба на два фронта – Премиер-лигата каде заостануваат шест бода и имаат меч повеќе во однос на лидерот Ливерпул, и Лигата на Шампионите каде „топчиите“ имаат обезбедно пласман во осминафиналето.

Се вчитува...