Сантијаго Хименез потпиша од Феенорд за Милан пред крајот на преодниот рок, а мексиканскиот голгетер синоќа го имаше своето деби во дресот на италијанскиот фудбалски гигант при победата во Купот на Италија над Рома.
Тој му асистираше на Жоао Феликс при третиот гол за Милан, не успеа самиот да се запише меѓу стрелците, но Хименез не го криеше задоволството што стана дел од повеќекратниот европски првак.
„Беше навистина добар меч, одигравме квалитетно и заслужено победивме. Толку многу сакав да дојдам во Милан, фала му на Бога што сум овде, навистина сум пресреќен. Прв впечаток ми е дека Милан има страшен тим, способен за големи работи. Мотивиран сум, сакам да дадам придонес за тимот да победува, наскоро ќе почнам и самиот да давам голови, тоа не ми е опсесија. Она што ми е најважно, верувам дека пред Милан се добри времиња“, изјави Хименез по синоќешната победа над Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

