Враќањето на Нејмар во Сантос, клубот во кој ги направи првите професионални чекори пред да замине во Европа, беше преполно со емоции како што можеше да се очекува.
Тоа беше и неговиот 33-ти роденден, но рекордниот стрелец на Бразил не успеа да ја пронајде мрежата против Рибеирао Прето во ремито 1-1 во седмото коло од Лига Сао Паоло.
„Го сакам Сантос! Нема зборови да ги опишам чувствата кога повторно стапнав на овој терен. Ми требаат минути, ми требаат натпревари, не сум на 100 проценти. Не очекував сега да трчам и да дриблам толку многу. Мислам дека ќе се чувствувам подобро за четири или пет натпревари“, изјави Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

