Лисандро Мартинез заработи нова тешка повреда и нема да се врати на терените до крајот на сезоната.
Аргентинскиот дефанзивец заработи повреда на вкрстените лигаменти на левата нога во поразот од Кристал Палас. Јасно е дека Манчестер Јунајтед нема да може да смета на него до крајот на сезоната.
Ова е петта повреда за Мартинез откако дојде на „Олд Трафорд“ во 2022. Втор пат е коленото, а досега поради повреди во претходните две и пол сезони пропушти 56 натпревари, а се лекуваше вкупно 269 дена.
Оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола и забележа две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

