Бразилскиот лев бек Марсело ја заврши професионалната кариера на 37 години. На крајот од минатата календарска година тој го напушти Флуминенсе, клубот во кој израсна, а крајот го најави со емотивна порака.
Кога стана полнолетен, агентите на Реал Мадрид го одведоа во Шпанија каде стана најдобар играч на таа позиција во последната деценија. Тој 15 и пол сезони беше член на „кралскиот клуб“ со кој освои шест титули во Ла лига и пет во Лигата на шампионите.
„Љубовта кон фудбалот доаѓа од мојот дедо. Тој сакаше да бидам професионалец, а јас направив се за да го постигнам тоа. Можете да кажете дека сум од Мадрид. Таму основав семејство со сопругата. 16 сезони, 25 трофеи, пет ЛШ и капитенска лента и многу магични вечери на „Бернабеу“… Реал Мадрид е уникатен клуб“, напиша Марсело.
За репрезентацијата на Бразил одигра 58 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

