„Месиманија“ во САД: Интер Мајами ги распродаде сите билети за престојната сезона

Интер Мајами на Лионел Меси ги распродаде сите сезонски билети за новата сезона во МЛС Лигата, соопштија од раководството на клубот. 
Веб страницата на Интер Мајами исто така пишува дека навивачите и натаму може да купуваат билети за одбраните натпревари оваа сезона, односно оние кои се чуваат за други фанови кои сакаат да го гледаат тимот.

„Сопствениците на сезонската карта за 2025 година ќе имаат пристап до ексклузивни искуства во текот на целата сезона. Тие исто така ќе имаат приоритет кога клубот ќе се пресели во својот нов дом во Мајами, Паркот на слободата во Мајами, во 2026 година“, се вели во соопштението на клубот.

Интер Мајами новата сезона ја почнува на 22. февруари со натпревар на домашен терен против Њујорк Сити.

Се вчитува...