Квотербекот на Бафало Билс, Џош Ален беше прогласен за најкорисен играч во тековната сезона во НФЛ шампионатот на стандардна церемонија во пресрет на „Суперболот“ во Њу Орлеанс.
Ален ја предводеше франшизата (13-4 во регуларниот дел од сезоната) до финалето на американската фудбалска конференција, каде што беа теснопоразени од Канзас Сити Чифс, бранителот на титулата.
„Посакувам наместо овој да го креневме трофејот Ломбарди и ќе продолжиме да работиме напорно додека не го сториме тоа. Чувствувам дека моите соиграчи повеќе ја посакуваа оваа награда од мене, но почестен сум“, нагласи 29-годишниот организатор на играта при добивањето на наградата.
Последниот не квотербек играч кој го освои ова ласкаво поединечно признание беше ранин-бекот на Минесота Викингс Адријан Питерсон во 2012 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

