Ширењето на НФЛ лигата надвор од САД е неповратен процес. Сведоци сме дека од ден на ден се појавуваат нови земји кои ќе бидат домаќини на натпревар од лигашкиот дел.
Само во оваа календарска година дознавме дека Мадрид ќе биде домаќин на натпревар во претстојната сезона, а Мелбурн во 2026. Последните информации велат дека НФЛ следната сезона ќе се игра и во Ирска.
Даблин и „Корк парк“ ќе бидат домаќини на Питсбург Стилерс. Се уште не е познато кој ќе биде противник на една од двете најтрофејни франшизи во Супер боул ерата.
Ова го потврдува четвртиот неамерикански град домаќин за следната сезона. Натпреварите од НФЛ шампионатот ќе се играат и во Лондон, Берлин и Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

