Фудбалерите на Јувентус го совладаа Комо со голот на Рандал Коло Муани во 89. минута, а Цеск Фабрегас не беше задоволен од арбитражата по натпреварот.
Тимот од Торино победи со гол од пенал, а и Комо можеше да добие пенал само две минути подоцна, но судијата одлучи поинаку.
Поради ова, Фарегас беше крајно бесен.
„Денеска нема да молчам. Тоа беше чист пенал. Доста е. Не го обвинувам судијата кој можеби не ја видел ситуацијата, но ВАР-собата мораше да види и ВАР-собата е она што ја прави одлуката сомнителна. Се сомневам како се анализираат ситуациите во текот на играта во таа просторија“, изјави Фабрегас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

