Фудбалерите на Манчестер сити се пласираа во осминафиналето во годинашното издание на ФА купот, откако во првиот меч од денешната програма славеа на гостувањето кај Лејтон ориент со 1-2.
Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со сензационалниот гол од половина терен, кој на крајот беше впишан како автогол на голманот на гостите Стефан Ортега.
Leyton Orient [1] – 0 Manchester City – Stefan Ortega (own goal) 16'
byu/Rudigaa insoccer
Избраниците на Пеп Гвардиола израмнија на 1-1 преку новото засилување, Кушанов во 56. минута, додека конечните 1-2 беа дело на Де Брујне во 79. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

