Фудбалерите на Милан се вратија на победите во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Емполи со 0-2 во натпревар од 24. коло од италијанската Серија А.
Откако по првиот дел мируваа мрежите првите возбудувања дојдоа во 55. минута кога фудбалерот на гостите Томори доби втор жолт картон по кој мораше да го напушти теренот. Играчката надмоќ домаќините ја имаа само до 65. минута кога поради глупост Марианучи доби црвен картон.
Рафаел Леао само три минути подоцна донесе водство за гостите од 0-1, додека конечните 0-2 ги постави Хименез во 76. минута.
Empoli 0 – [2] AC Milan – Santiago Tomas Gimenez 76'
byu/dotuan211 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

