Тонали далеку од враќање во Серија „А“: „Италијанците не може да платат толку многу“

Сандро Тонали нема да се врати во Италија, тврди неговиот агент Џузепе Рисо. И покрај интересот од неколку клубови од Серија „А“ за враќање на одличниот италијански играч, Рисо демантираше дека неговиот клиент ќе има „кам-бек“ на Апенините.

Тој кажа дека во Италија во моментов не постои клуб кој може да плати за да го ангажира италијанскиот репрезентативец.

„Сандро е еден од најдобрите играчи од средниот ред на светот, и тој има цена која италијанските клубови тешко може да ја платат. Така што сега го гледам со кариера далеку од Серија „А“, рече Рисо.

Во последно време се шпекулира дека Тонали би можел да го засили Јувентус, но веројатно до тоа нема да дојде. Во минатото тој беше дел од Милан, од каде замина во Њукасл.

Се вчитува...