Српскиот голгетер Душан Влаховиќ падна во втор план откако Рандал Коло Муани пристигна во Јувентус. Поради ова се почесто се зборува дека српскиот интернационалец би можел да го напушти клубот на лето.
Последните четири меча Србинот ги почна од клупата, а на последниот меч против Комо не му беше дадена ниту шанса од клупата. Го очекува битка за враќање во стартниот тим, но засега Коло Муани игра фантастично, и веројатно нема да се случи смена во нападот, со оглед дека Францусинот постигна пет голови на последните три меча.
Сепак, не би било чудо ако Влаховиќ на лето замине. Според најавите од италијанските медиуми, Србинот е далку од идниот проект на „Старата дама“. Нему договорот му истекува 2026 година, и Јувентус нема да дозволи да може бесплатно да замине.
За неговите услуги беа заинтересирани неколку клубови од Англија, меѓу кои и Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

