Ретеги одбил богатство од Саудиска Арабија

Најдобриот стрелец во Серија А, Матео Ретеги, одби плата од 20 милиони евра годишно за да игра во Саудиска Арабија. Италијанскиот интернационалец, роден во Аргентина, а поканет од тогашниот тренер на „аѕурите“, Роберто Манчини, се прослави во Европа, а со 20 гола е најдобар стрелец во Серија А во моментов.

Тој одигра фантастично за Аталанта на последниот натпревар – постигна четири гола против Верона.

Ретеги дојде во Аталанта од Џенова за само 22 милиони евра, а сега вреди многу повеќе.  Ретеги најверојатно ја одбил понудата од Саудиска Арабија, поради тоа што чека понуди од Премиерлигата.

Се вчитува...