По одличните партии: Реал ќе го „врзува“ Асенсио со нов и побогат договор

Младиот стопер на Реал Мадрид, Раул Асенсио е во преговори со челниците на кралскиот клуб за нов договор. Асенсио влезе во првиот тим на „кралевите“ после големите проблеми со стоперите кои ги имаше Карло Анчелоти оваа сезона, и одлично одговори на предизвикот.

Токму од тука Реал почна разговори за негов нов договор, и продолжуваање на актуелниот кој истекува во 2026 година. Планот е „кралевите“ да му понудат долга соработка најмалку до 2030 година, потоа далеку поголема плата од сегашната, но и откупна клаузула од 1 милијарда евра.

21-годишниот Асенсио беше дел од помладите категории на Реал Мадрид, откако дојде од Лас Палмас во 2017 година на 13-годишна возраст. Во сезоната 2022-23 мина во шпанскиот Интернасионал, од каде беше вратен во Реал Мадрид, и настапуваше најпрво во „Б“ тимот, а од минатата  година стигна и до А тимот на кралскиот клуб.

Се вчитува...