Тренерот на Челси, Енцо Мареска наиде на многу критики по елиминацијата од ФА Купот од Брајтон. Неговиот тим не одигра добро во нападот, и можеби тоа е вината за поразот.
Новинарите по мечот го прашаа менаџерот на „сините“ за дозволата Жоао Феликс да си замине во тимот и да оди во Милан, а Мареска кажа дека тоа не е никаква грешка, и дека е среќен што Феликс е задоволен од новата средина, ставајќи јасно до знаење дека не смета на него во иднина.
„Мислам дека не ни недостасува Жоао. Жоао е среќен таму и ние сме среќни што е среќен. Имавме две повреди на напаѓачите на денот на затворањето на преодниот рок, тоа е нешто за што е тешко да се размислува. Џексон би можел да се врати многу наскоро, и тоа треба да не радува”, рече Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

