Рома од пенал ја победи Венеција (ВИДЕО)

Екипата на Рома дојде до деветата победа во 24. коло од Серија „А“ совладувајќи ја Венеција на гостински терен со минимални 0-1.

„Волчицата“ долго се мачеше да го скрши отпорот на аутсајдерот, а тоа му успеа во 57. минута кога Дибала од пенал успеа да донесе три бода. Пеналот беше направен по еден старт врз Анхелињо.

До крајот на мечот, домашните имаа шанси да израмнат, но не успеаја да дојдат до „егал“, а ниту Рома не успеа порано да го реши победникот.

Се вчитува...