Венеција добива засилување во нападот во битката за опстанок

Напаѓачот Висам бен Једер ќе ја продолжи кариерата во Серија „А“, и ќе потпише во Венеција како слободен агент.

Французинот нема играно за ниту еден тим од мај минатата година, откако беше обвинет за сексуален напад во алкохолизирана состојба и беше осуден на две години и шест месеци условен затвор. Случајот и натаму е под истрага.

За време на неговото последно судење, Бен Једер рече дека сака да најде клуб и да се врати во форма. Венеција се бори за опстанок во Серија „А“, а шансите за такво нешто се минимални. Затоа тимот ќе добие засилување во обидот да остане и натаму дел од најсилната лига во Италија.

Се вчитува...