Лацио со убедливи 5-1 ја совлада Монца, и дополнително ја доближи до Серија „Б“. Лацијалите покажаа сила против последнопласираниот тим на табелата, особено во вториот дел кога постигна четири гола, а прими само еден.
Кога Марушиќ во 31. минута го доведе Лацио во предност, и 1-0 на полувреме, никој не очекуваше дека Лацио ќе слави толку убедлива победа. Но, во вториот дел најпрво Педро погоди за 2-0, па Кастељанос за 3-0, и повторно Педро за 4-0. Сенси од пенал успеа да израмни за Монца, а Деле Баширу ги постави конечните 5-1.
Каљари направи значен исчекор кон опстанокот во Серија „А“ совладувајќи ја екипата на Парма со 2-1. Вољиачо си постигна автогол за водство на домашните, а Коман донесе 2-0. Леони само успеа да намали, но недоволно Парма да стори нешто повеќе од овој дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

