„Манчестер Јунајтед оди од грешка во грешка со селекцијата, треба да му се даде време на Аморим“

Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер Јунајтед и екс капитен на екипата Рајан Гигс, испрати серија на критики кон раководството на својот поранешен тим.

Велшанецот кој речиси целата кариера ја мина на „Олд Трафорд“, критикуваше за изборот на фудбалери, но исто така искажа пофални зборови за тренерот Рубен Аморим и рече дека треба да му се даде шанса.

„Манчестер Јунајтед има проблеми со селекцијата на играчи веќе 10 години. Сега е важно дали Аморим ќе ги добие играчите кои му се потребни, и секако времето. Тешка е ситуацијата, но морам да кажам дека ми се допаѓа овој тренер. Ако му се даде шанса и време, ќе го врати тимот на успесите. Доколку се ангажираат вистински играчи и ако му дадат време на тренерот, ќе биде се во ред. Но, засега тимот е многу далеку, многу назад, иако ситуацијата може многу брзо да се промени. На Аморим му требаат уште 3-4 преодни рока, се зависи од тоа дали ќе ги добие вистинските играчи, поддршката и време“, изјави Гигс.

Се вчитува...