Монца ќе му даде „шут карта“ за Бокети, и ќе ја врати италијанската легенда

Тимот на Монца ќе се раздели со Салваторе Бокети еден и пол месец по неговото назначување. Ова доаѓа по поразот денеска од Лацио со 5-1 во 24. коло во Серија „А“. Во седум меча, Монца има шест порази и една победа. 
Италијанските медиуми пишуваат дека Бокети ќе добие отказ во следните денови, а ќе се врати Алесандро Неста, кој го водеше тимот до крајот на декември.
Монца е последна на табелата со 13 бодови од 24 меча, и веројатно идната сезона ќе се пресели во Серија „Б“.

Се вчитува...