Тотенхем е во аут и од ФА Купот, откако загуби од Астон Вила во Бирмингем со 2-1. Во интересен и возбудлив меч, домаќините водеа со 2-0, а лондонскиот тим само успеа да намали.
Ремзи уште во 1. минута од средбата ја искористи грешката на гостинскиот голман, и донесе предност за Астон Вила. Роџерс во 64. минута зголеми на 2-0, и се чинеше дека тоа е почеток на крајот на Тотенхем.
На крајот Матис Тел само успеа да намали, но Тотенхем немаше сила да се спаси од најлошото и да избегне елиминација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

