Реал Сосиедад на свој терен ја совлада екипата на Еспањол, со гол на пет минути пред крајот на мечот, и така ја прекина серијата од три меча, во која имаше само порази.
Кога Бекер погоди уште во 1. минута од средбата, се чинеше дека Сосиедад ќе дојде лесно до победа. Но, Пуадо од пенал израмни во 51. минута и така донесе „егал“.
Нерешениот резултат беше актуелен до 85. минута кога Мендез погоди и така ја донесе победата на домашниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

