Голем „кикс“ на Наполи: Само бод на домашен терен со Удинезе (ВИДЕО)

Екипата на Наполи направи голем кикс и пропушти можност да се оддалечи од првото место на табелата на Интер цели пет бода, со оглед дека одигра само нерешено 1-1 против Удинезе на домашен терен.

Скот Мектоминеј во 37. минута од средбата донесе предност за домаќините. Сепак, одличното прво полувреме Удинезе го круниса со гол во 40. минута преку Екеленкамп. 

Во второто полувреме избраниците на Антонио Конте ја имаа инцијативата, но не успеаја да дојдат до нов гол со кој ќе дојдеа до победата.

 

Се вчитува...