Џејлен Хуртс одигра фантастичен натпревар во финалето на Супербоул предводејќи ја својата Филаделфија го трофеј со триумф од 40-22 над Канзас Сити.
Квотербекот сосема заслужено го освои МВП признанието завршувајќи ја средбата со 221 освоен јард, 17 од 22 комплетирани додавања со два тачдауна. Покрај тоа освои 72 јарди по земја и постави нов рекорд кога станува збор за организатор на игра.
„Работите дојдоа на свое место во вистинско време. Кога загубивме од Канзас пред две години со гол од поле во последната секунда, тогаш не беше наше време“, изјави Хуртс кој верува дека допрва следи времето на Иглс.
„Никој не може да предвиди како ќе заврши ова патување. Секој крај е нов почеток, се додека не постои дефинитивен крај. А крајот за нас нема да дојде наскоро“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

