Конте незадоволен: Жалосно е што ремизиравме со Удинезе

Наполи загуби значајни бодови во шампионската титула откако во 24. коло од италијанското првенство ремизираше со Удинезе на големо разочарување на тренерот Антонио Конте.

Италијанскиот стратег не го криеше незадоволството од играта на неговите избраници кое пропуштија шанси за повеќе од еден гол во првото полувреме, а не одиграа на нивото во вторите 45. минути.

„Жалосно е што одигравме нерешено. Мислам дека заслуживме повеќе. Играта беше бавна во второто полувреме, но во првото создадовме многу шанси и ја контролиравме играта. Сепак, ако не ги искористиш своите можности, ќе имаш проблеми.

Удинезе има многу силен тим со искусни играчи, за кои верувам дека наскоро ќе се преселат во големи клубови. Го направивме она што обично го правиме, игравме со висок пресинг, но тие имаат играчи како Лука, кој доминира во воздухот и секогаш е опасен“, вели Конте.

Се вчитува...