Меси во живо го проследи Супербоул спектаклот (ВИДЕО)

Филаделфија стигна до втората шампионска титула во последните шест години во НФЛ првенството симнувајќи го Канзас Сити од тронот со убелдив триумф од 40-22.

Стандардно, финалето во американскиот фудбал предизвикува големо внимание во јавноста, па така на трибините можеа да се видат бројни познати личности. Од претседателот на САД, Доналд Трамп, преку Џеј Зи па се до фудбалската ѕвезда Лионел Меси кој го проследи спектаклот со триото од деновите во Барселона, сега во Интер Мајами: Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез.

Се вчитува...