Ливерпул се засилува со ѕвездата на Барселона

Ливерпул се очекува да добие големо засилување за средината на теренот во името на Френки де Јонг, ѕвездата на Барселона која по шест години поминати на „Камп Ноу“ е подготвен за нов предизвик во кариерата.

Договорот на Де Јонг со Барселона истекува во 2026 година, а и раководството на каталонскиот тим решило дека е вистински момент за продажба на холандскиот репрезентативец со цел да заработи од неговиот трансфер.

Преговорите помеѓу фудбалерот и Ливерпул се веќе во тек и се очекува наскоро да биде постигнат договор по што ќе следат разговори помеѓу Англичаните и Шпанците за трансфер од кој Барселона очекува 40 милиони евра, но Ливерпул е подготвен да издвои 35 милиони евра.

Се вчитува...