Еден проблем за Аморим помалку: Кашемиро пред камбек во Бразил

Бразилецот Кашемиро одново ќе заигра во Бразил откако раководството на Манчестер Јунајтед постигнало договор со Фламенго за позајмица до крајот на сезоната, откриваат бразилските медиуми.

За поранешниот ас на Реал Мадрид повеќе нема место на „Олд Трафрод“, тој воопшто не е во плановите на Рубен Аморим, а тоа го докажува и фактот дека на последните 11 натпревари во Премиерлигата, девет пати беше неискористена резерва.

Кашемиро го засили Манчестер Јунајтед во 2022 година во трансфер вреден 60 милиони евра, има и огормни примања од 350 илјади фунти на неделно ниво па претставува сериозен проблем за „црвените ѓаволи“.

Триесетидвегодишникот се споменуваше со трансфер во Саудиска Арабија, но тој пропадна па сега е пред враќање во татковината каде во минатото настапуваше за Саун Пауло со тоа што Манчестер Јунајтед ќе продолжи да плаќа најголем дел од неговата плата.

Се вчитува...