Франција без Фурние на мегдан со БиХ и Хрватска

Француската кошаркарска репрезентација во преостанатите два натпревари од квалификациите за Европското првенство ја очекувааат средби против Босна и Херцеговина и Хрватска, натпревари на кои дел од тимот нема да биде Еван Фурние.

Иксусниот кошаркар со богато НБА искуство кој оваа сезона се врати назад во Европа и настапува во Евролигата за Олимпијакос ќе ги пропушти средбите поради лични причини.

Покрај него дел од составот нема да биде ниту Џејлен Хорд, центарот на Макаби па селекторот Фату се одлучи да ги повика Тимоте Лувалу Кабаро и Петр Корнелиe.

Се вчитува...