Конте: Шампионска титула не е во планот на Наполи

Ремито на Наполи со Удинезе по кое беше пропуштена шансата да се зголеми предноста на врвот на табелата наиде на големо разочарување на навивачите на овој клуб кој сонуваат титула.

Нивните страсти ги смирува тренерот Антонио Конте кој вели целта на раководството на клубот кога го превземал тимот воопшто не била борба за титула, туку излез во Европа.

„Реми со Удинезе не е крај на светот. Тоа е добар тим со добри играчи. Ова не е пропуштена шанса. Не бегајте од реалноста. Во следните 14 натпревари треба да обезбедиме пласман во Европа. Тоа беше барањето на клубот кога дојдов.

Таму се бројат и Лига Европа и Конференциска лига. Сега сме во позиција каде што секој би сакал да биде, но колку сте поблиску до врвот, толку ветровите се посилни. На последните девет натпревари имаме седум победи и две ремиња, а израмнувачкиот гол против Рома го примивме во 93. минута“, изјави Конте.

Се вчитува...