Македонскиот бијатлонец Петар Гиноски имаше квалитетен настапи на првиот свој настап на 17. Европски зимски младински игри во Бакуриани, Грузија.
Гиноски заврши на 46. место на Зимскиот младински фестивал во конкуренција на 64 натпреварувачи. Во првиот круг испука „пет од пет“, во вториот стрелаше „четири од пет“, а во третиот круг погоди „четири од пет“, но во последниот круг беше пресуден за да заврши на 46. позиција.
Следниот негов настап е в петок од 10 часот по грузиско време.

Покрај Гиноски, Македонија во Грузија ја претставуваат и Евгениј Ристевски и Ангела Ристевска во сноуборд и Виктор Чакаровски во нордиско скијање. Според првичните податоци, на овој спортски младински настан ќе настапат околу 900 натпреварувачи во осум спорта, алпско скијање, биатлон, нордиско скијање, уметничко лизгање, слободно скијање, хокеј на мраз, брзо лизгање на кратки патеки и сноуборд.
Македонија, како што е познато, во јули, пак, ќе биде домаќин на 18. Европски младински летен олимписки фестивал, со речиси 35 години традиција под покровителство на Европскиот Олимписки Комитет (ЕОК), натпреварување што е врвен европски мултиспортски настан наменето за млади спортисти на возраст од 14 до 18 години. Според најавите, во Скопје се очекува да настапат околу 4.000 учесници од 48 европски земји, кои ќе се натпреваруваат во 15 спортски дисциплини (атлетика, бадминтон, баскет, кошарка, кану-слалом, велосипедизам, планински велосипедизам, ракомет, џудо, пливање, стрелаштво, пинг-понг, таеквондо, одбојка и артистичка гимнастика).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

