Фудбалерката на Челси, Сем Кер е ослободена од обвинение за расизам која се водеше во главниот град на Велика Британија, Лондон.
Станува збор за случај од јануари 2023 година кога по расправа со возач на такси раситички навредила полициски службеник со зборовите „глупав и бел“, додека била под дејство на алкохол, како што стои во официјалниот записник.
Обвинетата не негираше дека ги искажала овие зборови, но тоа не го направила со цел да навреди, туку да покаже на „моќ и привилегија“ како што вели нејзиниот адвокат.
Случајот на австралиската репрезентативка беше проследен со големо внимание во островската држава каде воедно имаше и голема поддршка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

